Собрание на Република Северна Македонија

Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана


Комисијата има претседател, четири члена, заменик претседател и четири  заменици членови.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • вршењето на надзорот над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за одбрана;
  • законитоста во спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана од аспект на нивна усогласеност со Законот за следење на комуникациите и
  • други  прашања  што  се однесуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана во врска со мерките за следењето на комуникациите.

Комисијата поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија во рок од два месеца по завршувањето на тековната година, за извршениот надзор над законитоста на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.

                           Претседател: ТИТО ПЕТКОВСКИ

Заменик на претседателот: НИКОЛЧЕ АЦЕВСКИ

                                     Членови: ПАВЛЕ САЗДОВ
                                                       НЕЏАТИ ЈАКУПИ
                                                       ТАЊА ТОМИќ
                                                       ОРХАН ИБРАИМИ

       Заменици на членовите: ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ
                                                       ХАЈРУЛА МИСИНИ
                                                       ГОЛУПЧО АНГЕЛОВ
                                                       ИМЕР АЛИУ

Click