Понеделник, 27 мај 2013 година, Охрид

Отворање и воведно обраќање на претседателот Вељаноски на 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ

Со особено задоволство ја отворам 10. јубилејна Конференција на претседателите на парламентите на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Она што пред 16 години започна во Атина како автохтона и не толку формална средба на највисоко регионално парламентарно ниво, прерасна во континуиран процес и навлезе во период на зрелост, која од нас бара дополнителен развој и повисока фаза на заедничката соработка



Понеделник, 27 мај 2013 година, Охрид

БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА 10. КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ НА ПСЈИЕ

На 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претседателот на Националниот парламент на Република Бугарија г. Михаил Миков. На средбата, двајцата соговорници разговараа за подобрување и негување на добрососедските односи



Понеделник, 27 мај 2013 година, Охрид

Претседателот Вељаноски оствари билатерални средби со потпретседателот на Европскиот парламент г. Ласло Сурјан, со претседателот на Претставничкиот дом на Романија г. Валериу Стeфан Згонеа и со претседателот на Српскиот парламент г. Небојша Стефановиќ

Во попладневните часови на 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент г. Ласло Сурјан. На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија е силно заинтересирана и понатаму да се продолжи со давањето свежи политички импулси на дијалогот и заедно со колегите европарламентарци и пратениците во Собранието на Република Македонија, конструктивно да се придонесува во процесот на евроинтеграција



Вторник, 28 мај 2013 година, Охрид

Завршна прес-конференција на претседателот Вељаноски на 10. Конференција на претседателите на парламентите на ПСЈИЕ - заклучни констатации

Согласно со определбата декларираните намери од претходните конференции да ги реализираме во пракса, оваа Конференција е конференција на континуитет на сегашното, претходното и идното претседателство со регионалната парламентарна соработка. Така и сме застапени на денешната прес-конференција и до мене се колегите - претседателот на Народното собрание на Србија г. Небојша Стефановиќ, претседателот на Претставничкиот дом на Романија г. Валериу Стефан Згонеа и потпретседателот на Сенатот на Романија г. Флорин Константинеску. Реафирмирањето на функцијата на Тројката е од посебно значење во сегашната фаза на трансформација и институционализација на регионалната парламентарна соработка. Таа треба да овозможи во подолг период да бидеме сконцентрирани на заеднички усогласени определби.



 

 Отворање и воведно обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

 




Десетта конференција на претседателите на парламентите на процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), 26-28 мај 2013, Охрид  повеќе




Финална декларација

Заедничка изјава

Извештај од Работната група на парламентарната димензија на Процесот за соработка во Југоисточна Европа за Десеттата конференција на претседателите на парламентите на ПСЈИЕ

Компромисен предлог за Парламентарно собрание на ПСЈИЕ- консолидирана верзија

Годишна парламентарна програма на ЈИЕ за 2013-2014 година


Предлог-програма за 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ

Предлог-агенда за 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ

Општи информации за 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ

Формулар за регистрација

Листа на учесници

Click