Вторник, 1 август 2017 година

УЧЕСТВО НА ЧЛЕНОВИТЕ И ЗАМЕНИЦИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН НА ВЕЖБАТА ДРАГООН ГУАРДИАН 17

Во рамки на вежбата Драгоон Гуардиан 17, на армискиот полигон Криволак беше организиран Отворен за високи гости и медиуми. 

Рапортот пред министерката за одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска Јанковска на Криволак беше проследен и со неколку показни вежби. Освен  кампот Стрела каде се стационирани војниците, беше презентирана и пистата за дронови која ќе биде прва од ваков тип во Република Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 27 јули 2017 година

СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЧКИ

По барање на пратеничката Лилјана Кузмановска, на 24 јули 2017 година се одржа состанок на Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на кој беа разгледани конкретни случаи, кои се однесуваат на позицијата и статусот на жената, по однос на работното место.

повеќе...

 

Понеделник, 24 јули 2017 година

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН СОСТАНОК ЗА РЕГИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ И СОРАБОТКА

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Максим Димитриевски и претседателот на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на министерството за внатрешни работи, управата за финансиска полиција, царинската управа и министерството за одбрана, г. Емил Димитриев учествуваа на меѓународниот состанок на тема „Регионална безбедност и соработка“, кој се одржа од 21 до 23 јули 2017 година во Цетиње, Црна Гора, а кој беше организиран од страна на Комисијата за одбрана и безбедност на Парламентот на Црна Гора.

повеќе...

 

Понеделник 7 август 2017 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод одбележувањето на настанот на Карпалак, на 8 август 2017 година, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венец свежо цвеќе и тоа:

- Собраниска делегација во состав: г-ѓа Кети Смилевска и г-ѓа Жаклина Пешеска ќе положи венец свежо цвеќе во 9.30 часот кај месноста Карпалак;

- Собраниска делегација во состав: г. Хари Локвенец и г-ѓа Весна Дамчевска Илиевска ќе положи венец свежо цвеќе во 12.30 часот пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

повеќе...

 

Вторник, 1 август 2017 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа: 

• Собраниска делегација во состав: г. Павле Богоевски, г-ѓа Татјана Прентовиќ, г. Артан Груби и г. Илија Николовски ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје: 

повеќе...

 

Вторник, 25 јули 2017 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Соња Мираковска, г-ѓа Мирсада Емини Асани и г-ѓа Теута Биљали по повод 54-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 2017 година, среда, во 10.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата „Бутел“.

повеќе...

 

Понеделник, 31 јули 2017 година

ПРАТЕНИЧКАТА ФРОСИНА ТАШЕВСКА РЕМЕНСКИ СЕ СРЕТНА СО В.Д АМБАСАДОРОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА КОНСТАНТИН. А. БЕРСЕНЕВ

Шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, д-р Фросина Ташевска Ременски денеска оствари работна средба со в.д амбасадорот на Руската Федерација Константин. А. Берсенев и третиот секретар Станислав Лупин.

повеќе...

 

Среда, 26 јули 2017 година

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНАТА СЕКРЕТАРКА И КООРДИНАТОРИТЕ СО ФИОНА МАКИЛВАМ

Генаралната секретарка, г-ѓа Цветанка Иванова и координаторите на пратеничките групи се сретнаа денеска со г-ѓа Фиона Макилвам, директор на Западен Балкан и проширување во Британското министерство за надворешни работи.

повеќе...

 

Петок, 21 јули 2017 година

ГРУБИ-БЈОРНСТАНД: УСЛОВНА ОРОЧЕНА ПОКАНА ЗА ВО НАТО

Пратеникот Артан Груби, претседател на Kомисијата за европски прашања денеска во Собранието се сретна со норвешкиот амбасадор во Македонија, г. Арне Санес Бјорнстанд.

повеќе...

 

Среда, 11 јули 2017 година  

САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН 

Денеска во Трст, Италија, е закажан 4. годишен Самит на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, со цел зајакнување на регионалната соработка и унапредување на процесот на евроинтеграција.

Ова претставува можност да се развијат дискусии за развој на инклузивни општества, добро владеење и енергични економии. 

повеќе...

 

Понеделник, 3 јули 2017 година

ЕСТОНИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО ЕУ

Од 1 јули Естонија го презеде ротационото претседавање со Европската Унија. Во овој период беше предвидено Велика Британија да биде на чело на ЕУ, но поради „Брегзит“, во наредните шест месеци таа функција ќе ја врши Естонија.

повеќе...

 

Вторник, 28 февруари 2017 година

УСВОЕНА ПРЕДЛОГ-РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и 8 „против“, ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2016 година.

повеќе...