Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Собрание на Западно-европска Унија (СЗЕУ)

Собранието на Република Македонија во СЗЕУ има статус на редовно покануван гостин. Поканите за сите активности на СЗЕУ се упатуваат директно до Претседателот на СРМ, кој со Одлука определува двајца пратеници од СРМ кои ќе ги следат активностите на СЗЕУ.

За пратеничкиот мандат 2002-2006 се определени пратениците Ќенан Хасипи и Зоран Крстевски.

Собранието на Западноевропската унија - Европско собрание за безбедност и одбрана (СЗЕУ), со седиште во Париз, е основано во 1954 година, а инаугуративната седница ја одржало на 5 јули 1955 година. Собранието ги рагледува и поддржува меѓувладините активности на европско ниво во сите области од европската безбедност и одбрана, вклучително и соработката во вооружувањето. Трансформацијата на Западно¬европ¬ската унија и преземањето на оперативните функции на владиниот дел на ЗЕУ од страна на Европската унија, доведоа до промена на позицијата и функциите на Собранието на Западноевропската унија. Тоа денес се фокусира на следење на Европската безбедносна и одбранбена политика (ЕСДП), продолжувајќи да врши надзор над целосната имплементација на обрската за колективна одбрана, пропишана во членот 5 од Изменетион Бриселски договор, како и соработката со НАТО, базирана врз основа на член 4 од Договорот. Собранието, исто така, ги проучува прашањата во врска со мировните операции на Балканот, Блискиот Исток и во Африка.

Во Собранието на Западноевропската унија членуваат околу 400 пратеници од националните парламенти на 39 европски држави. Собранието одржува две редовни седници годишно во седиштето на Собранието во Париз, а по потреба можат да одржат и вонредни седници во други градови. Во СЗЕУ се формирани шест постојани комисии, кои одржуваат по неколку седници годишно. Собранието, исто така организира колоквиуми на кои учествуваат пратеници, експерти и претставници на владите, кои дискутираат за тековни одбрамбени и безбедностни прашања.

Делегација на Собранието на Република Македонија е постојано присутна на седниците на Собранието на Западноевропската унија, почнувајќи од 1993 година. Во декември 2003 година Собранието на Република Македонија се здоби со стасус на “специјален гостин”, а во февруари 2006 година со статус на “придружен асоцијативен партнер” во СЗЕУ. Со стапувањето на сила на ревидираните Повелба и Деловник на Собранието на Западноевропската унија (јуни 2008 г.), Делегацијата на Собранието на Република Македонија се здоби со статус на “партнер” во СЗЕУ.