Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија

 

Шеф на делегација: АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ 

                      Членови:  ЏЕВАТ АДЕМИ 
                                         ЈОВАН МАНАСИЈЕВСКИ

  Заменици членовиЛИЛЈАНА ПОПОВСКА 
                                        КЕНАН ХАСИПИ 
                                        САДИЈЕ ИЛЈАЗИ  

Собранието на Западноевропската унија - Европско собрание за безбедност и одбрана (СЗЕУ), со седиште во Париз, е основано во 1954 година, а инаугуративната седница ја одржало на 5 јули 1955 година. Собранието ги рагледува и поддржува меѓувладините активности на европско ниво во сите области од европската безбедност и одбрана, вклучително и соработката во вооружувањето. Трансформацијата на Западно¬европ¬ската унија и преземањето на оперативните функции на владиниот дел на ЗЕУ од страна на Европската унија, доведоа до промена на позицијата и функциите на Собранието на Западноевропската унија. Тоа денес се фокусира на следење на Европската безбедносна и одбранбена политика (ЕСДП), продолжувајќи да врши надзор над целосната имплементација на обрската за колективна одбрана, пропишана во членот 5 од Изменетион Бриселски договор, како и соработката со НАТО, базирана врз основа на член 4 од Договорот. Собранието, исто така, ги проучува прашањата во врска со мировните операции на Балканот, Блискиот Исток и во Африка.

Во Собранието на Западноевропската унија членуваат околу 400 пратеници од националните парламенти на 39 европски држави. Собранието одржува две редовни седници годишно во седиштето на Собранието во Париз, а по потреба можат да одржат и вонредни седници во други градови. Во СЗЕУ се формирани шест постојани комисии, кои одржуваат по неколку седници годишно. Собранието, исто така организира колоквиуми на кои учествуваат пратеници, експерти и претставници на владите, кои дискутираат за тековни одбрамбени и безбедностни прашања.

Делегација на Собранието на Република Македонија е постојано присутна на седниците на Собранието на Западноевропската унија, почнувајќи од 1993 година. Во декември 2003 година Собранието на Република Македонија се здоби со стасус на “специјален гостин”, а во февруари 2006 година со статус на “придружен асоцијативен партнер” во СЗЕУ. Со стапувањето на сила на ревидираните Повелба и Деловник на Собранието на Западноевропската унија (јуни 2008 г.), Делегацијата на Собранието на Република Македонија се здоби со статус на “партнер” во СЗЕУ.