Говор на претседателот на Собрание на РМ во Париз...



Петок,27.02.2009,Париз

Обраќање на претседателот на Собрание на Република Македонија Трајко Вељаноски на конференција на претседателите на парламентите на држави членки на Европска унија во Париз

На почетокот на ова столетие Република Македонија се соочи со една од најголемите кризи во нашата понова историја. Конфликт кој се темелеше врз етнички прашања, кој со помош на меѓународната зaедница, но и историската детерминираност на граѓаните на Република Македонија за соживот и толеранција до другиот и различниот, го решивме со Рамковниот договор. И токму од потпишувањето на овој договор започнува улогата и одговорноста на Собранието на Република Македонија за негова уставноправна имплементација и спроведување во пракса

Прочитај повеќе

Обраќање на г. Трајко Вељаноски, по повод загинувањето на п...



Четврток, 26.02.2009

Обраќање на г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија по повод пет години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Поминуваат пет години од моментот кога граѓаните на Република Македонија ја загубија личноста која беше олицетворение на човечноста и на широкоградоста – особености кои некогаш толку многу недостасуваат во политиката.

Поминуваат пет години од моментот кога светот загуби важна политичка личност која подеднакво се грижеше за својот народ, но и за сите народи во целиот свет личност која, работејќи за успехот на Македонија, се залагаше за нов и подобар свет, чиј супстрат ќе бидат верата, надежта и љубовта меѓу сите и за се’.

Прочитај повеќе
123    
Click