Собраниско раководство



Четврток, 2 декември 2010 година

Средба на претседателот г. Трајко Вељаноски со претставници на Национален совет на инвалидски организации на Република Македонија

По повод 3 Декември - Меѓународен ден на лица со инвалидност, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со претставници на Национален совет на инвалидски организации на Република Македонија, г. Бранимир Јовановски, претседател на Национален совет на инвалидските организации на Македонија и претседател на Национална федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија, г-ѓа Мирсада Бакиќ, претседател на Национален сојуз на слепи на Република Македонија, г. Васко Марков, претседател на Национален сојуз на глуви и наглуви на Македонија и г. Крсто Цанев, раководител на стручната служба на Национален совет на инвалидските организации на Македонија.

Претставниците на Националниот совет го запознаа претседателот Вељаноски со активностите планирани за утрешното одбележување на Меѓународниот ден на лица со инвалидност, како и со свои гледишта, ставови и барања во врска со одредени прашања кои директно ги засегаат организациите и лицата кои ги застапуваат. Г. Јовановски го образложи значењето на рaтификување на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на ОН, воедно посочувајќи дека се свесни дека имплементацијата на истата подразбира поголеми финансиски импликации кои во период на глобална економска криза би претставувале реална пречка. Тргнувајќи од тоа Националниот совет е подготвен да се согласи со ратификување на Конвенцијата со одложена примена. Јовановски изрази задоволство во однос на донесените законски решенија, особено за донесувањето на Законот за инвалидски организации кој во голема мера им го олеснил функционирањето и овозможил организациите да бидат валидни репрезенти и уште подобар сервис на лицата кои тие ги претствауваат.

Претседателот на Национален сојуз на глуви и наглуви на Македонија, г. Васко Марков упати благодарност за донесувањето на Законот за знаковен јазик и за можноста за учество во процесот на подготовка и негово донесување во рамките на работата на Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија. Претставниците на Националниот совет беа согласни и воедно побараа ваквата комуникација со соодветна собраниска комисија да биде пракса при донесувањето на закони кои ги засегаат лицата со ивалидност во Република Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија изрази задоволство што и годинава има можност да се сретне со претставниците на Националниот совет и воедно упати честитка за утрешниот Меѓународен ден на лица со инвалидност. Воедно, Вељаноски ја потврди поддршката на сите пратеници во Собранието на Република Македонија, без оглед на нивна политичка, национална или верска припадност, во донесувањето на што покорисни и поквалитетни законски решенија кои ги засекаат лицата со инвалидност. Изрази подготвеност лично да се заложи во насока на што поскоро ратификување на Конвенцијата на ОН, како и во надминување на дел од проблемите со кои се соочуваат овие организации и за соодветно имплементирање на дел од нивните предлози. 

 

Click