Собраниско раководство

Понеделник, 21 ноември 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Пжемислав Чиж

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посебно ги истакна високо развиените билатерални односи со Полска, како и нејзината принципиелна поддршка која ја дава на Република Македонија во процесот на нашата интеграција во НАТО и ЕУ

„Имајќи предвид дека неодамна и во Полска имаше избори, се надевам дека сега ќе можеме уште повеќе да ја интензивираме и соработката на ниво на парламенти. Секако тука е и економската соработка која  треба да се развива во многу повисоки форми од класичната трговска размена“, истакна претседателот Вељаноски.

Заблагодарувајќи се за средбата, амбасадорот на Република Полска, неговата екселенција Пжемислав Чиж, уште еднаш истакна дека за неговата држава, Македонија е пријателска земја, со која Полска сака и понатаму да  ги развива билатералните односи на сите полиња. 

„Токму затоа, ние во евроатлантските структури секогаш активно ја поддржуваме Република Македонија,  го почитуваме вашето уставно име и го користиме во нашата билатерална комуникација, а еве и јас лично со големо задоволство го учам македонскиот јазик.  Секако во тие рамки се и парламентарните односи и соработка и ја ценам вашата подготвеност како претседател на Собранието на Република Македонија таа соработка и понатаму да се развива“, истакна амбасадорот на Република Полска, г. Пжемислав Чиж, на денешната средба со претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски.

 

 

 
Click