СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Делегација на Собрание на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ)

Делегацијата во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива се состои од шеф, двајца членови и тројца заменици-членови.

Шеф на делегацијата: ВЕСНА БЕНДЕВСКА

                             Членови: МИХАИЛО ЏОЛОНГА
                                            ХАЈРУЛА МИСИНИ

       Заменици - членови: ВАСКО ПАШОВСКИ
                                                    ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
                                           ГАЗМЕНД АЛИЈИ

Централноевропската иницијатива е регионална организација во која членуваат 17 земји членки: Англија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Италија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Украина и Србија и Црна Гора. Иницијативата е основана во 1989 година, под името Квадрагонала, од страна на четири земји: Италија, Унгарија, Австрија и СФР Југославија. Во 1990 година кон иницијативата се приклучува Чехословачка, со што таа станува Пентагонала.

Следи Полска во 1991 година и групата прераснува во Хексагонала, а во 1992 година членки стануваат Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, по што иницијативата го менува името во Централноевропска иницијатива. Република Македонија е член на ЦЕИ од 1993 година. Централноевропската иницијатива се стреми кон: зацврстување на соработката меѓу земјите членки, забрзување на процесот на европската интеграција преку поддршка на најнеразвиените членки и оние на кои им е најпотребен забрзан економски развој, зацврстување на економските, социјалните, правните и другите аспекти на процесите на транзиција и сл.

Парламентарната димензија на ЦЕИ ја сочинуваат Парламентарното собрание, Парламентарниот комитет и ад хок комитетите на Парламентарното собрание. Двајца членови на парламентот од секоја земја членка учествуваат во работата на Парламентарниот комитет, кој се одржува напролет, а на Парламентарното собрание, кое се состанува во текот на есента, учествуваат делегации составени од три до седум члена. Делегацијата на Собранието на Република Македонија се состои од три члена.