Среда, 21 декември 2011 година
Дополнително финансирање на сиромашните земјиЕвропската комисија најави обезбедување дополнителни финансиски средства за Проектот „Милениумски развојни цели“, кои ќе бидат наменети за 36 африкански, карипски и пацифички земји, со цел намалување на сиромаштијата, гладот и смртноста на децата, како и подобро здравје на мајките, чиста вода и хигиена.
Подобар пристап до храна за најсиромашните домаќинства на Хаити, обезбедување млеко за децата во градинките и основните училишта во Руанда, зголемување на бројот на здравствените работници во Гана и зачувување на водата во Самоа, се само дел од активностите кои е предвидено да бидат финансирани во наредниот период.
Иницијативата за финансирање на сиромашните подрачја беше промовирана на Самитот на Обединетите нации во Њујорк во септември 2010 година, а го опфаќа периодот до 2015 година.
Извештајот за 2011 година на Милениумските цели на ОН, покажува дека е направен значаен напредок во некои цели.