ЕУ вести

Четврток, 24 ноември 2011 година

Програма за развој на културата во ЕУ

Европската комисија го претстави предложениот буџет од 1.8 милијарда евра за периодот 2014-2020 година, наменет за развој на културната и креативната индустрија во Европската унија, како дел од програмата „Креативна Европа".

Од оваа програма би имале корист илјадници луѓе чија работа е поврзана со:  кината, телевизиите, културата, музиката, сценската уметност, културното наследство и слични области на Стариот континент.

Парите ќе се искористат за финансирање на нови публикации, за поддршка во дистрибуцијата на филмовите во рамките на ЕУ, вложувања во европските кина со цел да се осигура дека 50% од прикажаните филмови ќе бидат европски, за превод на книжевни дела, обуки на културни организации и професионалци и низа други проекти кои ќе овозможат развој на културата во Европа.
Click