ЕУ вести



Среда, 14 декември 2011 година

Самит ЕУ-Русија

Европската унија и Русија во Брисел го одржуваат 28. самит, на кој во фокусот се светската економија и прашањата поврзани со односите меѓу ЕУ и Русија, приемот на Русија во Светската трговска организација, безвизниот режим и партнерството за модернизација.

Исто така, на дневен ред ќе се најдат и меѓународните прашања, како развојот на Северна Африка и Блискиот Исток.

ЕУ ја претставуваат претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, додека руската земја ја предводи нејзиниот претседател, г. Дмитри Медведев.
 
 

 

Click