ЕУ вести

Петок, 25 ноември 2011 година

Самит ЕУ-САД

Светската економска криза, билатералните односи и отворањето нови работни места, се меѓу прашањата за кои ќе стане збор на Самитот на Европската унија и Соединетите Американски Држави, кој ќе се одржи в понеделник, на 28 ноември, во Вашингтон.

Домаќин на Самитот ќе биде американскиот претседател, г. Барак Обама, а ЕУ ќе ја застапуваат претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, г. Херман ван Ромпуј и г. Жозе Мануел Баросо, како и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон.

На средбата на високо ниво ќе се разменат мислења и околу надворешната политика, вклучително и актуелните состојби во Северна Африка и Блискиот Исток. Исто така, ќе се разгледа и напредокот од минатогодишниот самит во Лисабон.
Click