ЕУ вести
Петок, 23 декември 2011 година

Детските играчки најбезбедни во ЕУ

Во овие претпразнични денови, кога засилено се купуваат детски играчки, Европската унија нуди сигурност дека купените играчки во нејзините рамки се најбезбедни во светот. Секоја играчка која се продава во ЕУ, мора да помине низ низа проверки за да се потврди дека е безбедна за децата да си играат со неа.

Пред пласирањето на некоја играчка на пазарот, произведувачите се задолжени да ја идентификуваат потенцијалната опасност преку проценка на безбедноста, како и да обезбедат можност за враќање на секоја играчка до фабриката каде е изработена.

Сите играчки кои се продаваат во земјите од Унијата, треба да ги исполнуваат ЕУ стандардите, кои построго пропишани стапија на сила во јули годинава.

повеќе...



Понеделник, 12 декември 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент во Стразбур од 12 до 15 декември ќе одржи пленарна седница, за време на која претседателот Јержи Бузек ќе се осврне на својата работа во текот на 2,5 годишниот мандат, кој истекува на 17 јануари 2012 година, а Полското претседателство со ЕУ, кое завршува на крајот од годинава, ќе поднесе извештај за сработеното во изминатите шест месеци

повеќе...

Среда, 21 декември 2011 година

Дополнително финансирање на сиромашните земји

Европската комисија најави обезбедување дополнителни финансиски средства за Проектот „Милениумски развојни цели“, кои ќе бидат наменети за 36 африкански, карипски и пацифички земји, со цел намалување на сиромаштијата, гладот и смртноста на децата, како и подобро здравје на мајките, чиста вода и хигиена.

Подобар пристап до храна за најсиромашните домаќинства на Хаити, обезбедување млеко за децата во градинките и основните училишта во Руанда, зголемување на бројот на здравствените работници во Гана и зачувување на водата во Самоа, се само дел од активностите кои е предвидено да бидат финансирани во наредниот период.

Иницијативата за финансирање на сиромашните подрачја беше промовирана на Самитот на Обединетите нации во Њујорк во септември 2010 година, а го опфаќа периодот до 2015 година.

Извештајот за 2011 година на Милениумските цели на ОН, покажува дека е направен значаен напредок во некои цели.

повеќе...



Среда, 14 декември 2011 година

Самит ЕУ-Русија

Европската унија и Русија во Брисел го одржуваат 28. самит, на кој во фокусот се светската економија и прашањата поврзани со односите меѓу ЕУ и Русија, приемот на Русија во Светската трговска организација, безвизниот режим и партнерството за модернизација

повеќе...



Среда, 14 декември 2011 година

Предлог за поедноставно враќање на визите за Западен Балкан

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија предложија механизам, според кој, по итна постапка, во вонредни ситуации, може да се вратат визите за некоја земја од Западен Балкан, во случај на голем наплив на мигранти. За да стапи на сила, оваа одлука треба да ја усвои Европскиот парламент

повеќе...



Петок, 9 декември 2011 година

Потпишан договорот за членство на Хрватска во ЕУ

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија, претседателот и премиерот на Хрватска, г. Иво Јосиповиќ и г-ѓа Јадранка Косор, денеска во Брисел, го потпишаа договорот за членство на Хрватска во европското семејство. Преостанува уште да се спроведе референдумот во Хрватска за членство во ЕУ и ратификацијата во земјите-членки на ЕУ.

повеќе...



Четврток, 1 декември 2011 година

„Зелено светло“ за членство на Хрватска во ЕУ

Европскиот парламент, со 564 гласа „за“, 38 „против“ и 32 „воздржани“, го изгласа договорот за членство на Хрватска во Европската унија, за време на вториот ден од пленарната седница во Брисел

повеќе...



Четврток, 1 декември 2011 година

Светски ден за борба против сидата

Денешниот ден, 1 декември, е Светски ден за борба против сидата, кој во Македонија се одбележува под мотото „Визијата за свет со нула ХИВ-инфекции, нула дискриминација и свет со нула смртни случаи асоцирани со СИДА“. На овој ден секоја година организации и физички лица од целиот свет спроведуваат кампања во светски рамки за информирање на луѓето за опасноста од оваа болест, начините на пренесување и превентива.

повеќе...



Среда, 30 ноември 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Денеска и утре, Европскиот парламент одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се гласа за договорот за членство на Хрватска во Европската унија, што ќе го отвори патот на оваа земја за присоединување кон европското семејство во 2013 година

повеќе...



Понеделник, 14 ноември 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Европскиот парламент од денеска до 17 ноември одржува пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, ќе се разгледа работната програма на Европската комисија за следната година

повеќе...



Сабота, 26 ноември 2011 година

Економската криза - најголема закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ

Анкетата на прашањето „Што е најголема закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ?“, покажа дека во најголема мера тоа е економската криза. 34% од европските граѓани сметаат дека економската и финансиската криза што ја зафати не само Европа, туку и светот, претставува најголема закана по нивното безбедно живеење

повеќе...

Петок, 25 ноември 2011 година

Самит ЕУ-САД

Светската економска криза, билатералните односи и отворањето нови работни места, се меѓу прашањата за кои ќе стане збор на Самитот на Европската унија и Соединетите Американски Држави, кој ќе се одржи в понеделник, на 28 ноември, во Вашингтон.

Домаќин на Самитот ќе биде американскиот претседател, г. Барак Обама, а ЕУ ќе ја застапуваат претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, г. Херман ван Ромпуј и г. Жозе Мануел Баросо, како и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон.

На средбата на високо ниво ќе се разменат мислења и околу надворешната политика, вклучително и актуелните состојби во Северна Африка и Блискиот Исток. Исто така, ќе се разгледа и напредокот од минатогодишниот самит во Лисабон.

повеќе...



Четврток, 24 ноември 2011 година

Прв европски договор за борба против насилството над жените и домашното насилство

Во пресрет на 25 ноември - Меѓународниот ден за борба против насилството над жените, заменик-генералниот секретар на Советот на Европа, г-ѓа Мод де Боер-Букичио, ги повика владите да го потпишат и ратифицираат првиот европски договор за борба против насилството над жените и домашното насилство

повеќе...



Четврток, 24 ноември 2011 година

Програма за развој на културата во ЕУ

Европската комисија го претстави предложениот буџет од 1.8 милијарда евра за периодот 2014-2020 година, наменет за развој на културната и креативната индустрија во Европската унија, како дел од програмата „Креативна Европа"

повеќе...

Вторник, 22 ноември 2011 година

Конференција за безбеден интернет

Советот на Европа и Федералното министерство за европски и меѓународни прашања на Австрија, на 24 и 25 ноември во Виена, ќе одржат Конференциja на тема „Наш Интернет - наши права, наши слободи".

Претставници на земјите-членки на Советот на Европа, приватниот сектор, парламенти, граѓанското општество и интернет заедницата ќе бараат начини за подобра заштита на човековите права, демократијата и законодавството на интернетот.

Меѓу прашањата на кои ќе се бара одговор се: какви правни норми се потребни за заштита на личните податоци на интернет, кои се следните чекори во борбата со онлајн криминалот,  како да им се обезбеди безбеден интернет пристап на децата и како да им се овозможи на корисниците да ги остварат своите права.

Конференцијата се очекува да придонесе во дефинирањето на стратегијата на Советот на Европа за управувањето со интернетот за периодот 2012-2015 година, која моментално е во подготовка.

повеќе...