Собраниско раководство



Среда, 23 март 2011 година

сРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ вЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА рЕПУБЛИКА кОСОВО, Г. бЕЏЕТ пАЦОЛИ

Односите меѓу Република Македонија и Република Косово се многу добри и имаат нагорен тренд - oва беше истакнато на средбата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Косово, г. Беџет Пацоли

Истакнувајќи дека добрососедските односи се еден од приоритетите на надворешната политика на Република Македонија, претседателот Трајко Вељаноски истакна дека тоа е во корист на двете држави, а во исто време ја јакне стабилноста на целиот регион и неговата евроатлантска иднина.

Имајќи предвид дека во процесите на интеграција во ЕУ и НАТО парламентите имаат многу важна улога, Собранието на Република Македонија е подготвено со своите колеги од Косовскиот парламент да ги сподели сите искуства и да помогне во остварувањето на нивната евроатлантска агенда.

Во разговорите, претседателот Вељаноски се задржа и на положбата на Гораните, етнички Македонци со исламска вероисповед.

„Очекувам  на престојаниот попис на населението на Косово, почитувајќи ги европските стандарди, овие луѓе слободно да ја искажат својата етничка припадност“, истакна претседателот Вељаноски.

Претседателот на Република Косово, г. Беџет Пацоли, изразувајќи задоволство од средбата и воопшто неговата посета на Република Македонија, истакна дека тој лично, а и граѓаните на Косово, Република Македонија ја гледаат како искрен пријател.

„Ние никогаш нема да заборавиме дека Република Македонија прими над триста илјади бегалци, и тоа беше навистина благороден чин. Тоа што е важно е фактот дека како соседи имаме заемно почитување и разговараме за иднината,  а тоа се евроатлантските интеграции. Токму затоа, ја  цениме секоја ваша помош во остварувањето на таа определба и навистина сум благодарен за вашата подготвеност со Парламентот на Република Косово да ги споделите  вашите искуства, а тоа секако би ни било од голема корист“, изјави претседателот Пацоли.

Тој истакна дека лично ги познава и ги цени Гораните и дека  претстојниот попис во Косово ќе се одвива строго според европските стандарди, односно  сите граѓани на Косово да можат слободно да ја изразат својата национална припадност.

Click