Втор ден на Конференцијата на претседатели на парламенти на...



Вторник, 5 април 2011 година, Брисел

Втор ден од Конференцијата на претседатели на парламенти на држави-членки и кандидати за членки на ЕУ

Претседателот Вељаноски, во рамките на Конференцијата, оствари неколку кратки билатерални средби со свои колеги, претседателите на Парламентите на Малта, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Турција, Австрија и Холандија. Од страна на претседателот Вељаноски, беше иницирана средба за парламентарна соработка и со претседателот на Парламентот на Грција, г. Филипос Петсалникос, но грчката страна не покажана заинтересираност за средбата и избегна почетна парламентарна соработка.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски на дводневна Конференција на претсе...



Понеделник, 4 април 2011 година, Брисел

Претседателот Вељаноски на дводневна Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија

На покана на претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија г. Андре Флаут и претседателот на Сенатот на Белгија, г. Дени Питерс, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, учествува на дводневната Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со г. Дирк Бренгелман...



Четврток, 31 март 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички односи и безбедносна политика, г. Дирк Бренгелман

На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека безбедноста на една држава, регион, па и пошироко, не може да се темели само врз оружјето, армијата и полицијата, туку пред сè на градење на стабилни политички и економски состојби. Токму во таа насока е и работата на Собранието на Република Македонија, како во процесот на донесување на закони, така и во остварувањето на надзорната улога на парламентот врз извршната власт. Фактот што Извештајот за напредокот на Република Македонија од Европската комисија дава позитивна оцена и за парламентот и за државата, и што Извештајот содржи препорака за започнување на преговори за членство, докажува дека сме на вистинскиот пат и дека добро работиме во остварувањето на евроатланската агенда.

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со г. Беџет Пацоли...



Среда, 23 март 2011 година

сРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ вЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА рЕПУБЛИКА кОСОВО, Г. бЕЏЕТ пАЦОЛИ

Односите меѓу Република Македонија и Република Косово се многу добри и имаат нагорен тренд - oва беше истакнато на средбата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Косово, г. Беџет Пацоли

Прочитај повеќе

Средба на Вељаноски со г. Моше Јалон и г-ѓа Лиа Шемтов...



Среда, 9 март 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со вицепремиерот на Државата Израел, г. Моше Јалон и претседателот на пратеничката група за соработка на израелскиот Кнесет, г-ѓа Лиа Шемтов

Пожелувајќи им на гостите од Израел пријатен престој во Македонија, претседателот на Собранието, г. Вељаноски, изрази задоволството од зачестените средби на билатерално ниво и од последнава средба поврзана со отворањето на Меморијалниот центар посветен на холокаустот и сеќавањето на 7.144 наши сограѓани Евреи и нивната страшна судбина, депортацијатата во логорот на смртта Треблинка во 1943 година.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со Н.Е. Питер Соренцен...



Понеделник, 7 март 2011 година

Претседателот Вељаноски му посака успешна работа на новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Питер Соренсен

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската унија, Н.Е. Питер Соренсен. Посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата, претседателот Вељаноски изрази целосна подготвеност и отвореност за непосредна соработка со г. Соренсен за изнаоѓање на решение за секое прашање значајно за нашиот евроинтеграционен напредок

Прочитај повеќе

Делегација на Собранието на РМ предводена од претседателот ...



Петок, 28 јануари 2011 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ, ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ЦРНА ГОРА

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав се и пратениците г. Крсто Мукоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на пратеничката група за соработка со парламентот на Црна Гора, г-ѓа Ермира Мехмети, пратеник на ДУИ и г. Миле Андонов, пратеник на СДСМ, членови на групата, оствари средба со претседателот на Парламентот на Црна Гора, г. Ранко Кривокапиќ

Прочитај повеќе
1  
Click