Прес-конференција по повод Парламентарниот институт...



Вторник, 20 декември 2011 година

Прес-конференција на претседателот Вељаноски и швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото по повод Парламентарниот институт

Ми претставува огромно задоволство да Ве поздравам сите на еден ваков важен настан со кој ја информираме јавноста за отпочнувањето на вработувањата на 25 професионалци кои ќе работат во Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија. Основањето на Парламентарниот институт го зацртавме во Законот за Собранието на Република Македонија, а постигнувањето на неговата функционалност воедно е и одредница во Извештајот на Европската унија за нашиот напредок

Прочитај повеќе

Изјава на претседателот Вељаноски по донесената пресуда на ...



Понеделник, 5 декември 2011 година

Изјава на претседателот Вељаноски по донесената пресуда на Меѓународниот суд на правдата

Денес, по три години од отпочнувањето на процесот на Република Македонија против Република Грција за прекршување на Времената спогодба, Меѓународниот суд на правдата ја донесе конечната пресуда, со која најсилно беше потврдена недвосмислената реалност дека нашиот јужен сосед свесно ја прекрши Времената спогодба од 1995 година

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 20-годишнината...



Четврток, 17 ноември 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 20-годишнината од донесувањето на првиот Устав на самостојна, суверена и независна Република Македонија

Македонија оваа година прославува!
Македонија оваа година се сеќава!
На 8 септември оваа година, народот на плоштадите ја славеше независноста;
На 8 септември, граѓаните застанаа заедно под исто сонце заради иста цел.
Конечно, на овој ден, Бог ни покажа дека сите ние сме негови деца, дека Македонија е нашата земја, а дека иднината е нашиот заеднички предизвик!
Гордо извикавме, но продолжуваме со истиот громогласен тон и денес да извикуваме
НЕКА Е ВЕЧНА И ВЕКОВИТА НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА!
Поводот е нашиот нов голем јубилеј!
20-годишнината од донесувањето на Уставот,
20-годишнината од документот со кој ги поставивме државно-правните темели, кои се цврсти како гранит,
20 години независност и сувереност

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 23 Октомври...



Понеделник, 24 октомври 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба

23 октомври не е само еден обичен ден!
На овој датум, во 1893 година е формирана Организацијата што ќе го промени текот на македонската историја! Денес го прославуваме основањето на славното ВМРО!
Денес се сеќаваме на заложбите на татковците на Организацијата, кои силно верувајќи во достижноста на слободата, решија да ги земат работите во свои раце и преку лична жртва да ја обезбедат македонската независност и достоинство.
Поради тоа, 23 октомври е ден кој заслужува достојно одбележување - ДЕНЕС И ЗАСЕКОГАШ, ОД НАС, НО И ОД СИТЕ ИДНИ ГЕНЕРАЦИИ!

Прочитај повеќе

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ПО ПОВОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК...



Четврток, 13 октомври 2011 година

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ПО ПОВОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2011 ГОДИНА

Како што е веќе традиција, денеска и официјално ни беше предаден Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во процесот на интегрирање во Европската унија. Годинешниов Извештај, како и досегашните, е објективен приказ на сите оние позитивни промени кои сме ги направиле, но и прашањата и сферите на кои во иднина ќе треба да посветиме многу повеќе внимание

Прочитај повеќе

Обраќањето на претседателот Вељаноски на темата „Безбедносн...



Среда, 12 октомври 2011 година, Будимпешта

Обраќањето на претседателот Вељаноски на тема „Безбедносните димензии на соработката на Западен Балкан“

Република Македонија е активен поддржувач на регионалните иницијативи и процеси и преку нив конкретно ја манифестира својата политичка заложба за цврста регионална соработка и поддршка на земјите во Регионот. Ние сме убедени дека со основните постулати на нашата надворешна политика, разрешувањето на отворените прашања по пат на дијалог и подготвеност за соработка со соседите придонесуваме за стабилноста на регионот, Европскиот континент и светот во целина.

Прочитај повеќе

Обраќање Вељаноски на петта конференција на претседатели на...



Среда, 12 октомври 2011 година, Будимпешта

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА ПЕТТАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ ОД ЗЕМЈИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Република Македонија и земјите од непосредното соседство споделуваат идентични надворешно-политички стратешки определби што претставува основа за конструктивна, плодна и сеопфатна билатерална соработка, како и соработка во процесот на интеграцијата во ЕУ и НАТО, без оглед на различниот степен на нивната интеграција во овие организации. Самата заемна соработка на земјите од регионот претставува визионерска идеја сама по себе. Таа дава основа за оптимизам за подобра иднина на нашите народи, а воедно наговестува еден нов циклус од нашиот развој кој бара нова енергија, ентузијазам и залагање

Прочитај повеќе

Изјава на претседателот Вељаноски по повод потпишувањето на...



Вторник, 20 септември 2011 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод потпишувањето на Меморандумот за соработка

Со големо задоволство ја продолжуваме досегашна тригодишна соработка со нашите британски пријатели, Британската амбасада во Скопје и Вестминстер фондацијата за демократија. И во наредните две години заеднички ќе ги јакнеме капацитетот на Собранието на Република Македонија, нашата претставничка, законодавна и надзорна функција

Прочитај повеќе

Изјава на Вељаноски по повод 15 септември- Меѓународен ден ...



Четврток, 15 септември 2011 година

ИЗЈАВА НА Г. ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА СОБРАНИЕТО ВО ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНАТА УНИЈА, ПО ПОВОД 15 СЕПТЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Во септември 1997 година, Интерпарламентарната унија (ИПУ) ја усвои Универзалната декларација за демократија, со што ја поттикна Организацијата на Обединетите нации во 2007 година, на десетгодишнината од Декларацијата, да го прогласи 15 Септември за Меѓународен ден на демократијата

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод Денот на незав...



Четврток, 8 септември 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод Денот на независноста на Република Македонија

Сите народи и држави имаат свои, големи, историски датуми и настани.
Тие, ја обликуваат свеста на граѓаните и ги проектираат патиштата по кои се движиме.
Тие, се и паметник за времињата што поминале, но и најголем потсетник за одговорноста што ја имаат нациите, соочувајќи се со настаните што доаѓаат.
Почетокот и крајот, на сите нив се татковината и народот!

Прочитај повеќе
12   
Click