Најави



Понеделник, 24 декември 2012 година, 11,00 часот, Сала 1 

ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Дневен ред:

1. Дополнет предлог на Буџет на Република Македонија за 2013 година (второ читање);
 
2. Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија;
 
3. Предлог на одлука за избор на Народен правобранител;
 
4. Предлог за разрешување на заменик на Народниот правобранител;
 
5. Предлог за именување член на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија;
 
6. Предлог за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија;
 
7. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија;
 
8. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
 
9. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави;
 
10. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев";
 
11. Предлог на одлука за престанок на мандат на член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво;
 
12. Предлог на одлука за избор на членови на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво;
 
13. Предлог на закон за ратификација на Осмиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз;
 
14. Предлог на закон за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција;

 
15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита (второ читање);
 
16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта (второ читање);
 
17. Предлог на закон за приватно обезбедување (второ читање);
 
18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (второ читање);
 
19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (второ читање);
 
20. Предлог-закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи (второ читање);
 
21. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот (второ читање);
 
22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (второ читање);
 
23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (второ читање);
 
24. Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за платниот промет (второ читање);
 
25. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (второ читање);

 
26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата (прво читање);
 
27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност - (прво читање);
 
28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците (прво читање ).
 
 
 
 
 

 
 


Click