2012

    Средба Вељаноски-Давутоглу...

    Петок, 21 декември 2012 година

    Претседателот Вељаноски го прими министерот за надворешни работи на Република Турција, г. Ахмет Давутоглу

    На средбата и двајцата соговорници ги истакнаа високо развиените пријателски односи помеѓу Република Македонија и Република Турција, реафирмирајќи го заемниот интерес таа соработка и понатаму да се развива.

    Прочитај повеќе

    Проштална посета Вељаноски- Пападополу...

    

    Среда, 28 ноември 2012 година

    Претседателот Вељаноски го прими во проштална посета амбасадорот на Република Грција, г-ѓа Александра Пападополу

    На средбата се изрази очекување дека на Самитот на претседатели на парламенти кој во мај идната година треба да се одржи во Република Македонија, во рамките на Процесот на соработка во Југоисточна Европа, со кој претседава Република Македонија, ќе дојде до средба меѓу двата претседатели на парламенти, г. Вељаноски и г. Меимаракис

    Прочитај повеќе

    Средба Вељаноски-Валтер...

    

    Четврток, 1 ноември 2012 година

    СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ИЗВЕСТИТЕЛОТ НА МОНИТОРИНГ КОМИСИЈАТА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. РОБЕРТ ВАЛТЕР

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, истакна дека испoлнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се од суштинско значење за создавањето на демократско општество, а препораките на Советот на Европа за Република Македонија секогаш претставуваат израз на поддршка за демократски развој, и на нив Република Македонија посветува големо внимание.

    Прочитај повеќе

    Претседателот Вељаноски оствари средба со г. Томислав Никол...

    

    Петок, 26 октомври 2012 година

    Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ

    Оценувајќи ги односите меѓу двете држави како многу добри, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека тие се во постојан подем и постои зaемен интерес за нивно развивање и надградување во духот на добрососедски односи на сите нивоа и на сите полиња. Тоа не само што е во интерес на двете држави и на нашите граѓани, туку дава голем придонес во стабилноста на регионот и неговата евроатлантска перспектива

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот Вељаноски со г. Ласло Ковер...

    

    Среда, 17 октомври 2012 година

    Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на парламентот на Унгарија, д-р Ласло Ковер

    Пред почетокот на официјалните разговори, претседателот на Унгарскиот парламент, д-р Ласло Ковер, придружуван од претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, положи венец на Споменикот на паднатите херои за Македонија

    Прочитај повеќе

    Средба Вељаноски со Лајчак...

    

    Вторник, 9 октомври 2012 година

    Претседателот Вељаноски се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачка Република, г. Мирослав Лајчак

    Во пресрет на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија, претседателот Вељаноски истакна дека повторно очекува, по четврти пат, препорака од Европската комисија за започнување на преговори, со надеж дека на крајот на годинава во декември, конечно ЕУ ќе определи датум за почеток на преговорите. Тој потенцираше дека јавното мислење во огромен процент е определено за зачленување во НАТО и ЕУ и дека Република Македонија за своја цврста стратешка определба ја има целосната интеграција во НАТО и ЕУ

    Прочитај повеќе

    Средба Вељаноски-Пашка...

    

    Вторник, 9 октомври 2012 година

    СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА СЛОВАЧКАта РЕПУБЛИКА, г. ПАВОЛ ПАШКА

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Словачката Република, г-ѓа Соња Мираковска, денеска остварија средба со претседателот на Национален совет на Словачката Република, г. Павол Пашка.

    Прочитај повеќе

    Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на ...

    

    Четврток, 20 септември 2012 година

    Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти во Стразбур

    Претседателите на парламентите на 47 земји-членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, како и претседателите на меѓупарламентарните собранија, се состануваат на 20 и 21 септември во Стразбур. Делегацијата на Собранието на Република Македонија ќе ја предводи претседателот на законодавниот дом, г. Трајко Вељаноски

    Прочитај повеќе

    Претседателот Вељаноски го прими еврокомесарот г. Штефан Фи...

    

    Понеделник, 17 септември 2012 година

    Претседателот Вељаноски го прими еврокомесарот г. Штефан Филе, задолжен за проширување и европска соседска политика

    Изразувајќи задоволство од средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека Собранието, како и досега, покажува институционален капацитет да одговори и да ги реализира сите обврски кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот Вељаноски со г-ѓа Џејн Арметиџ...

    

    Четврток, 13 септември 2012 година

    СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г-ЃА ЏЕЈН АРМЕТИЏ

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со директорот на Светската банка за Југоисточна Европа, г-ѓа Џејн Арметиџ и директорот на Светската банка за Република Македонија, г-ѓа Лилија Бурунчук.

    Прочитај повеќе
    123...5      
    Click