2012

    Благодарница за претседателот Вељаноски од Власите во РМ...

    

    Вторник, 22 мај 2012 година

    Врачена благодарница на претседателот Вељаноски од страна на Власите во Република Македонија

    По повод Националниот ден на Власите - 23 Мај, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претставниците на заедницата на Власите во Република Македонија, честитајќи им го празникот

    Прочитај повеќе

    Средба Вељаноски- Чичек...

    

    Четврток, 17 мај 2012 година

    Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Големото Национално Собрание на Република Турција, г. Џемил Чичек

    Вкупните билатерални односи помеѓу Република Македонија и Република Турција, кои се и повеќе од пријателски, одат во нагорна линија на сите подрачја, а во тие рамки значајна улога и придонес има парламентарната соработка, истакна на почетокот претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. Истакнувајќи ја континуираната пријателска и принципиелна политика на Република Турција, претседателот Вељаноски изрази задоволство и благодарност за помошта и поддршката која ја дава Република Турција во интеграционите процеси, а посебно за нашето членство во НАТО, а убеден сум дека таа поддршка ќе ја имаме и на претстојниот самит на НАТО

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот Вељаноски со г. Роберт Валтер...

    

    Вторник, 8 мај 2012 година

    Средба на претседателот Вељаноски со г. Роберт Валтер

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со потпретседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Роберт Валтер, известител за постмониторинг дијалогот со Република Македонија

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот Вељаноски со г. Штефан Филе...

    

    Понеделник, 7 мај 2012 година

    Средба на претседателот Вељаноски со еврокомесарот за проширување на ЕУ, г. Штефан Филе

    На средбата со еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, потсети дека во трите последователни извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и препораките за започнување на пристапните преговори, Собранието е оценето многу позитивно и како една од клучните институции во нашето интегрирање во Европската унија

    Прочитај повеќе

    Обраќање на претседателот Вељаноски на првата сесија - „Кри...

    

    Петок, 20 април 2012 година, Варшава, Полска

    Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, која денес и утре се одржува во Варшава, Република Полска, зема учество во првата сесија - „Кризата на Европското единство, што да сториме?“, во која воведно обраќање имаше претседателот на Владата на Република Полска, г. Доналд Таск и претседателот на Собранието на Португалија, г-ѓа Марија да Асунчао Естевес. Големиот интерес на учесниците во првата сесија од дводневната конференција резултираше со над 20-тина обраќања на претседателите на парламенти на европските држави.

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот Вељаноски со г. Бамир Топи...

    

    Четврток, 19 април 2012 година

    Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Република Албанија, г. Бамир Топи

    Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Албанија континуирано бележат нагорен тренд, што е во интерес како на двете држави и на нивните граѓани, така и на регионот во целост, истакна на почетокот на средбата претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

    Прочитај повеќе

    Средба на Вељаноски со Петр Нечас...

    

    Вторник, 17 април 2012 година

    Средба на Претседателот Вељаноски со г. Петр Нечас, претседател на Владата на Чешката Република

    На средбата двајцата соговорници ги истакнаа високо развиените пријателски билатерални односи кои ги опфаќаат сите сфери. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посебно ја истакна принципиелната политика на Чешката Република во однос на Република Македонија и нејзиното евроатлантско интегрирање

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот Вељаноски со американски конгресмен...

    

    Петок, 6 април 2012 година

    Средба на претседателот Вељаноски со американски конгресмени

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска ја прими делегацијата на Конгресот на Соединетите Американски Држави, во која се конгресмените: Дејвид Драјер, Дејвид Прајс, Џим Мек Дермот, Ерик Паулсен и Гери Коноли

    Прочитај повеќе

    Средба на г. Вељаноски со г-ѓа Јозефина Чоба Топали...

    

    Среда, 4 април 2012 година

    Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Јозефина Чоба Топали

    „Високо развиени добрососедски односи се еден од приоритетите на нашата надворешна политика, а во тие рамки ја гледам и денешната наша средба и разговори“, истакна на почетокот од средбата претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот Вељаноски со г. Борис Шпрем...

    

    Среда, 28 март 2012 година

    Средба на претседателот Вељаноски со делегација на Хрватскиот сабор, предводена од претседателот Борис Шпрем

    Помеѓу Република Македонија и Република Хрватска нема отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминативе дваесет години се во постојан подем - ова е заедничка оценка на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Хрватскиот сабор, г. Борис Шпрем, по денешните разговори помеѓу двете парламентарни делегации

    Прочитај повеќе
    12345      
    Click