ЕУ вести


Вторник, 25 декември 2012 година

Марсеј и Кошице - eвропски градови на културата

По одлука на Европската комисија, вторите по големина градови во Франција, односно во Словачка, Марсеј и Кошице, ќе бидат носители на титулата eвропски градови на културата за 2013 година.

повеќе...



Четврток, 20 декември 2012 година

Музејот на Ливерпул – музеј на годината

Комитетот за култура, наука, образование и медиуми на Парламентарното собрание на Советот на Европа, одлучи наградата на Советот на Европа за музеј за 2013 година, да ја додели на Музејот на Ливерпул, кој содржи траги од социјалната, економската и политичката историја на градот, кој важи за еден од социјално најразноликите во Велика Британија

повеќе...



Вторник, 18 декември 2012 година

Нобеловата награда за мир на ЕУ ќе им помогне на децата жртви на конфликти

Европската унија донесе едногласна одлука парите кои ги доби од Нобеловата награда за мир за 2012 година, да ги намени за финансирање на четири проекти во рамките на ЕУ иницијативата „Децата на мирот“. Станува збор за вкупна сума од 2 милиони евра, која ќе биде од помош на 23.000 деца низ целиот свет кои се погодени од конфликти и ќе им овозможи пристап до основно образование

повеќе...



Понеделник, 10 декември 2012 година

Меѓународен ден на човекови права

Денеска, 10 декември, се одбележува Меѓународниот ден на човекови права, ден што ги означува заложбите за укинување на сите видови угнетувања на луѓето.

повеќе...



Понеделник, 10 декември 2012 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 10 до 13 декември во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која меѓу другото ќе се дискутира за приоритетите на претстојниот самит на Европскиот совет, кој ќе се одржи на 13 и 14 декември

повеќе...



Среда, 28 ноември 2012 година

ЕУ вложува во високото образование

Европската комисија денеска усвои нов пакет поддршка за високото образование во Регионот европско соседство. Преку програмите „Ерасмус Мундус“ и „Темпус“ се поттикнува соработката во високото образование помеѓу Европската унија и остатокот од светот

повеќе...



Вторник, 27 ноември 2012 година

Климатска конференција на ОН

Продолжување на Протоколот од Кјото за намалување на емисиите на штетни гасови кои придонесуваат за глобално затоплување, е целта на 18. Конференција за климатски промени, која се одржува од 26 ноември до 7 декември во Доха, Катар, во организација на Обединетите нации.

повеќе...



Сабота, 24 ноември 2012 година

Европа не смее да го игнорира насилството врз жените

Во пресрет на утрешниот 25 ноември – Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените, потпретседателот на Европската комисија, г-ѓа Вивиен Рединг, истакна дека насилството врз жените е најбрутална манифестација на нерамноправноста на половите и кршење на човековите права, што Европа не смее и не може да го игнорира

повеќе...



Четврток, 22 ноември 2012 година

Доделена филмската награда „Лукс“

Филмот „lo sono Li“ („Шун Ли и поетот“) на Андреа Сегре (Франција/Италија), во кој глуми и популарниот Раде Шербеџија, е добитник на филмската награда „Лукс“ за 2012 година, која ја доделува Европскиот парламент

повеќе...



Вторник, 20 ноември 2012 година

Универзален ден на децата

По повод 20 ноември - Универзалниот ден на децата, Парламентарното собрание на Советот на Европа, денеска во Москва ќе се состане за да расправа за спречување на сексуалното насилство над децата, со цел зајакнување на заштитната политика и санкциите на национално ниво

повеќе...

Понеделник, 19 ноември 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 19 до 22 ноември, во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, во чиј фокус ќе биде буџетот на Европската унија за периодот 2014-2020 година. Европратениците ќе предупредат на ризикот од идејата за драстично скратување на буџетот, што би можело да доведе до негово парализирање цела една декада.

Утре треба да бидат усвоени водечките правила за идната Економска и монетарна унија (ЕМУ).

На дневната агенда на седницата ќе се најдат и: борбата против илегалната и штетната содржина и заштитата на децата од интернет; финансиската помош на ЕУ од 670 милиони евра за жртвите од земјотресот во Италија; човековите права и демократијата, со акцент на состојбата во Казахстан; јакнење на европската индустрија; ситуацијата во Газа; самитот во Доха како можност за акција во однос на климатските промени и др.

В среда, на свечена церемонија, претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе го објави победникот на филмската награда „Лукс“.

 

повеќе...



Среда, 14 ноември 2012 година

Кохезиска политика на ЕУ за развој на сиромашните региони

Европскиот парламент е обединет во уверувањето дека поддршката на сиромашните региони од страна на Европската унија, е една од најважните алатки за развој, истакна првиот европратеник, г. Мартин Шулц, на состанокот на високо ниво за кохезиска политика со лидерите на 16 европски земји (Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Чешка, Словачка, Полска, Естонија, Летонија, Кипар, Литванија, Малта, Португалија и Шпанија), како и претставници на организации, компании и синдикати

повеќе...



Понеделник, 22 октомври 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Денеска и утре, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, за време на која ќе се гласа за предлогот 2013 година да биде прогласена за европска година на граѓаните. По тој повод би се организирале низа настани за едуцирање на јавноста за правата на европските граѓани, посебно оние кои се однесуваат на студирање, работа, отворање сопствен бизнис и сл.

На денешната агенда ќе се најде буџетот за 2013 година и за периодот 2014-2020 година, додека утре ќе стане збор за банкарската унија, плановите на Економската и монетарна унија и за правата на авиопатниците.

Исто така, во текот на утрешниот ден ќе се одржи дебата со претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, г. Жозе Мануел Баросо и г. Херман ван Ромпуј, во врска со минатонеделниот самит на Советот.

За време на седницата, европратениците ќе гласаат и за давање финансиска помош од 40 милиони евра во седум земји зафатени од криза, како и за фармацевската трговија меѓу ЕУ и Израел. Меѓу другото, ќе се дебатира и за поморската безбедност и за трговскиот договор меѓу САД и Јапонија.

Европскиот парламент ќе продолжи со работа и на 25 и 26 октомври, кога ќе се разговара за цената на прехранбените производи и фреквенцијата на финансиските пазари. В петок ќе биде прогласен добитникот на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.

повеќе...



Петок, 26 октомври 2012 година

Наградата „Сахаров“ за ирански активисти

Иранските активисти Насрин Сотодех и Јафар Панахи се добитници на овогодишната награда „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата

повеќе...



Четврток, 18 октомври 2012 година

Есенски состанок на Европскиот совет

Економијата и монетарната политика ќе бидат во фокусот на традиционалниот есенски состанок на Европскиот совет, кој ќе се одржи денеска и утре во Брисел

повеќе...