Соопштенија

Петок, 16 ноември 2012 година

Пратеникот Џеват Адеми ќе учествува на 25. Регионално собрание - Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Пратеникот г. Џеват Адеми, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), ќе учествува на 25. Регионално собрание - Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата, што ќе се одржи од 19 до 22 ноември 2012 година во Монтре, Швајцарска Конфедерација.

Централна тема за дискусија на Регионалното собрание е: „Економско управување со цел да се врати деловната довербата и да се обезбеди одржлив развој“, во рамките на која националните делегации ќе ги презентираат специфичните состојби во секоја земја. На седницата ќе стане збор и за улогата на претпријатијата во промовирањето на францускиот јазик, како и местото на францускиот јазик во економските односи.

Во рамките на 25. Регионално собрание ќе биде одржана и Конференција на претседателите на Секциите од Регионот Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата.

Парламентарното собрание на Франкофонијата е консултативно собрание на Меѓународната организација на Франкофонијата, во кое членуваат 78 секции на парламенти и парламентарни собранија, групирани во четири региони: Африка, Азија-Пацифик, Америка и Европа. Собранието ги промовира демократијата, човековите права и правната држава, економската соработка и развој, образованието и комуникациите во франко­фонските простори, а подготвува мислења и препораки, иницира и презема активности во врска со слободата и политичките права, меѓупарла­ментарната соработка и солидарноста меѓу парламен­тарните институции.

 

 
Click