ЕУ вести



Среда, 16 октомври 2013 година

Македонија во очекување на извештајот за напредокот

Денеска попладне, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави годишниот извештај за напредокот на Република Македонија. Нашата земја по петти пат очекува позитивен извештај и препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Во извештајот ќе бидат презентирани сите позитивни и негативни оценки во реформите и исполнувањето на условите на земјата на евроинтегративниот пат.

Покрај за Македонија, ќе бидат објавени и извештаите за напредокот на другите земји-кандидати и потенцијални кандидати за влез во големото европско семејство.

Click