ЕУ вести



Среда, 11 декември 2013 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Европскиот парламент, од 9 до 12 декември во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу останатото, денеска ќе се споменат и главните теми за Самитот на Европскиот совет на 19 и 20 декември, како што се заедничката безбедносна и одбранбена политика, економијата и даночната политика.

Утре, пак, на дневен ред ќе се најде Годишниот извештај за 2012 година на Европската централна банка, потоа еко-иновациите - работни места и раст преку политиката за животна средина, како и случаите на прекршување на човековите права, демократијата и владеењето на правото

Во изминатите два дена, на седницата стана збор за политиката за рибарство на ЕУ, Националната стратегија за интеграција на Ромите, правата на граѓаните, употребата на Глобализацискиот фонд на ЕУ за помош на оние кои губат работни места, Одлуката на Украина да не го потпише Договорот за асоцијација со ЕУ на Самитот во Вилнус, како и повеќе други теми.


 

Click