ЕУ вести



Петок, 8 ноември 2013 година

Три кандидати за филмската награда „ЛУКС“

Филмовите „The Broken Circle Breakdown“ на Феликс ван Гронинген (Белгија), „The Selfish Giant“ од Клио Бернард (Велика Британија) и „Miele“ на Валерија Џолино (Италија,Франција), се кандидати за овогодинешната филмска награда „ЛУКС“, која ја доделува Европскиот парламент.

Овие филмови ќе бидат прикажани во текот на „ЛУКС филмските денови“ од 7 до 13 ноември, а потоа во периодот 25 ноември - 6 декември ќе имаат своја промоција и во Европскиот парламент.

Европратениците ќе гласаат за својот омилен филм помеѓу 4 ноември и 10 декември, а победникот ќе го објави претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, на свечена церемонија на 11 декември во Стразбур.

Европскиот парламент финансира есенско прикажување на овие три филмови во сите 28 земји-членки на Европската унија, со титл на 24-те официјални ЕУ јазици.

Наградата „ЛУКС“, чие име на латински значи „светлина“, Европарламентот ја доделува од 2007 година, со цел да се сподели разновидноста и богатството на европската кинематографија и да се поттикне јавна дебата за тематиката од номинираните филмови.

 

Click