Активности

Четврток,12 декември 2013 година
 
Јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените
 
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе одржи јавна расправа на 18 декември 2013 година, со времетраење од 10 до 11.30 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија, на тема: Економско јакнење на жените.

На јавната расправа поканети се пратениците на Собранието на Република Македонија,  претставници на Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, потоа локалните комисии за еднакви можности, Un Women, Македонското женско лоби, Европската комисија, како и други здруженија на граѓани што работат на ова поле.
Click