Работна средба, 3.12.2013...



Вторник, 3 декември 2013 година

Работна средба на Интер-партиската парламентарна група за правата на лица со хендикеп

Интер-партиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, на 2 декември 2013 година, одржа работна средба во Собранието на Република Македонија

Прочитај повеќе

Средба на координаторите со г. Роберт Валтер 2,12,13...



Понеделник, 2 декември 2013 година

Средба на координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА со г. Роберт Валтер

Известителот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа (Mониторинг комисијата), г. Роберт Валтер, во посета на Собранието на Република Македонија, оствари одделни средби со координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со известителот Валтер...

Понеделник, 2 декември 2013 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ИЗВЕСТИТЕЛОТ НА МОНИТОРИНГ КОМИСИЈАТА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. РОБЕРТ ВАЛТЕР

Двајцата соговорници изразија задоволство што повторно имаат можност да се сретнат и да разговараат за актуелните случувања и напредокот на Република Македонија. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од досегашното испoлнување на обврските и заложбите кон Советот на Европа. Тој дополни дека, од страна на Собранието на Република Македонија високо се ценат препораките на Советот на Европа, и преку нивното имплементирање, како и преку реформите кои ги прави Република Македонија се придонесува за поголем демократски напредок и економски развој.

Прочитај повеќе

Духот на жената парламентарка го унапредува општеството 28...



Понеделник, 2 декември 2013 година

Духот на жената парламентарка го унапредува општеството

Заврши Годишниот самит „Жените во парламенти - Глобален форум" што се одржа во Европскиот парламент, во Брисел, од 27 до 29 ноември 2013, на кој учествуваа и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и пратеничката г-ѓа Цветанка Иванова

Прочитај повеќе

39 седница на Комисијата за економски прашања 2.12.13...



Понеделник, 2 декември 2013 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и деветтата седница, одржана на 29 ноември 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Црна Гора, 29.11.2013...



Петок, 29 ноември 2013 година, Подгорица, Црна Гора

Учество на конференција за спроведување на критериумите за родова еднаквост во Западен Балкан

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, заедно со пратеничките г-ѓа Лилјана Кузмановска и г-ѓа Хајрије Мисими учествуваа на конференција за спроведување на критериумите за родова еднаквост во Западен Балкан, која се одржа на 27 и 28 ноември во Подгорица, Црна Гора, во соработка со црногорското министерство за човекови и малцински права и УНДП Црна Гора, а на покана на Мараја Корнелисен.

Во македонската делегација учествуваа и Елена Грозданова, државен советник од Министерството за труд и социјална политика, Афердита Имери од Македонското женско лоби и Јасна Саздова, советничка од Кисела Вода.

Фокусот на средбата беше Извештајот на  Европскиот парламент за правата на жените во земјите-кандидати за членство  од Западен Балкан инициран од европарламентарката  Корнелисен, кој е усвоен од страна на Европскиот парламент, во мај 2013 година. Извештајот нуди детална анализа за постигнатиот напредок на механизмите за родова еднаквост во регионот и предизвиците што претстојат во иднина.

Претставници од парламентите и владите од регионот имаа шанса да дискутираат за наодите од Извештајот и за моменталната ситуација заедно со експертите на ЕУ и организациите на граѓанското општество.

Пратеничката Поповска се произнесе по Извештајот како претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, како и за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година, во делот за родова рамноправност.

Во дискусијата активно се вклучија сите членови на македонската делегација, при што беше забележано дека Македонија предничи на овој план пред другите земји во регионот. Како заклучок беше прифатено да се направи регионално  умрежување на женските структури по примерот на ГТФ (Gender Task Force) од Пактот за стабилност, кој даде огромни резултати за политичкото јакнење на жените.

Прочитај повеќе

Средба на претседателите Вељаноски- Ескудеро...



Среда, 27 ноември 2013 година, Кралството Шпанија

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Сенатот на Парламентот на Кралството Шпанија, г. Пио Гарсиа Ескудеро

Претседателот Вељаноски изрази убедување дека парламентарната дипломатија сè повеќе го зазема своето место и дека ваквите средби допринесуваат кон тоа. Тој воедно, истакна дека за Република Македонија е значајни мислењето и ставот на Кралството Шпанија за случувањата и процесите во Европската унија. Го запозна соговорникот со посветеноста на Република Македонија на патот на еворпското интегрирање и посветеноста кон членство во НАТО алијансата, при што изрази убеденост дека и двете членства наскоро ќе се случат, за доброто на Македонија, за регионот, но и за Европа

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски во работна посета на Кралството Шпа...



Вторник, 26 ноември 2013 година, Кралството Шпанија

Претседателот Вељаноски во работна посета на Кралството Шпанија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски престојува во работна посета на Кралството Шпанија, во рамки на која остварува средби со своите колеги спикери на двата дома на Парламентот на Кралството Шпанија, Конгресот и Сенатот, кои се први средби на највисоко парламентарно ниво меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија

Прочитај повеќе

Вишеградската група на земји - пример за соработка и помага...



Вторник, 26 ноември 2013 година

Вишеградската група на земји - пример за соработка и помагање на соседите

Координаторите на Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, односно г-ѓа Силвана Бонева, г. Игор Ивановски, г. Неџати Јакупи и г. Имер Алиу, остварија средби со Делегација на политичките директори на Вишеградските земји, придружена од извршниот директор на Вишеградскиот фонд, г-ѓа Карла Вустерова

Прочитај повеќе

Доброто владеење и управување со јавните финансии - компоне...



Вторник, 26 ноември 2013 година, Брисел

Доброто владеење и управување со јавните финансии - компонента од фундаментална важност

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, како дел од Собраниската делегација која учествува на парламентарниот семинар во Европскиот парламент во Брисел, имаше свое обраќање на тема: „Како глобалната економска криза влијае на напорите на земјите аспиранти да ги исполнат критериумите за пристап и кои би биле решенијата?“

Прочитај повеќе
1234...30                               
Click