Соопштенија



Четврток, 28 ноември 2013 година

Учество на меѓународна конференција

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, заедно со пратеничките, г-ѓа Лилјана Кузмановска и г-ѓа Хајрије Мисими учествуваат на конференција за спроведување на критериумите за родова еднаквост во Западен Балкан, која се одржува на 27 и 28 ноември во Подгорица, Црна Гора, во соработка со црногорското министерство за човекови и малцински права и УНДП Црна Гора, а на покана од европратеничката Мараја Корнелисен.

Фокусот на средбата е на Извештајот на Европскиот парламент за правата на жените во земјите-кандидати за членство од Западен Балкан, инициран од европарламентарката Корнелисен кој е усвоен од страна на Европскиот парламент во мај 2013 година.

Извештајот нуди детална анализа за постигнатиот напредок на механизмите за родова еднаквост во регионот и предизвиците што претстојат во иднина.

Претставници од парламентите и владите од регионот ќе имаат шанса да дискутираат за наодите од Извештајот и за моменталната ситуација заедно со експертите на ЕУ и организациите на граѓанското општество.

Пратеничката Поповска, на оваа конференција, ќе се произнесе по Извештајот, како и за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година, во делот за родова рамноправност.

Click