Активности

Понеделник, 26 јануари 2015 година, Стразбур

Александар Николоски реизбран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот на ПССЕ и потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа

Од 26 до 30 јануари 2015 година во Стразбур,Франција,се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

На почетокот на сесијата се избраа новите претседатели и потпретседатели на работните тела на Парламентарното собрание. Александар Николоски е реизбран за прв потпретседател во Мониторинг комитетот кој се смета за најзначен и највлијателен во организацијата, и единствен во кој членовите и претседателството се избираат со гласање на сите 315 пратеници на ПС на Совет на Европа. Мандатот на Александар Николоски како прв потпретседател на Мониторинг комитетот е една година. 

Во своето обраќање при реизборот Николоски ги истакна своите залагања и успехот за реформа на мониторинг процесот со кој се отвора можност за мониторинг за исполнувањето на обврските во делот на почитување на човековите права, јазичните и малцински права, владеењето на правото и правото на здружување во сите земји-членки на Совет на Европа вклучително и т.н. „стари членки“. Реизборот претставува и признание и потврда за Република Македонија и работата на Собранието на Република Македонија зашто на ова високо место во ПС на Совет на Европа може да биде избран само кандидат од земја која високо ги почитува и исполнува обврските кон Советот на Европа, пред сè во делот на владеење на правото, граѓански слободи, слободни и фер избори, право на здружување и сл.

Во текот на 2015 година, по принципот на ротација, на Република Македонија ќе ѝ припадне едно од потпретстедателските места и на целото Парламентарно собрание на Совет на Европа со мандат од две годнини. 

Честа да претседава со најстарата меѓународна организација во Европа ќе му припадне на шефот на македонската делегација, г. Александар Николоски. Тој при изборот истакна дека следните две години ќе ги искористи за промоција на ставовите на Република Македонија, како и на реформите кои ги прави во делот на владеење на правото, реформа на судството, борба против корупцијата, економските и социјални реформи, како и заложбата за неодложно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Изборот за прв потпретседател на Мониторинг комитетот и за потпретседател на ПС на Совет на Европа ќе претставува единствена можност за Република Македонија да ги претстави своите надворешно политички позиции, а на Собранието на Република Македонија целосно да се афирмира во меѓународни рамки.


« Видео запис »

Click