Активности

Вторник, 25 август 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Амбасадорскиот совет во Министерството за надворешни работи

Денеска, во рамките на редовниот годишен Амбасадорски совет – Работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, што се одржува во Министерството за надворешни работи, свое обраќање имаше претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

Во оваа прилика, претседателот Вељаноски се осврна на актуелните состојби во Република Македонија. Тој го потенцираше приоритетот и стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, како цел зад која стојат сите политички субјекти, невладиниот сектор и најголемиот дел од граѓаните на Македонија.

Исто така, посебен акцент беше ставен на парламентарната дипломатија, за која истакна дека е од големо значење за остварување на стратешките определби и интереси на нашата земја.

 

Во своето обраќање, претседателот на Собранието посвети внимание и на развивањето и продлабочувањето на соработката со земјите од соседството и од регионот.

На крајот од своето обраќање, претседателот Вељаноски им посака успешна работа на присутните и им порача дека тие го пробиваат патот за понатамошна соработка, правејќи мост помеѓу идеите и реализацијата во дипломатското делување.

Click