Активности

Четврток, 25 август 2016 година

Осумдесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на денешната 87.седница, како матично работно тело го разгледа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите (по скратена постапка).

Воведно образложение по поднесениот Предлог на закон даде  заменикот наминистерот за финансии, г. Гзим Беадини. 

Тој истакна дека  предложените измени се во насока на брзо и ефикасно обезбедување на финансиски средства во случај на постоење на кризна состојба.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Предлогот на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Во расправата учествуваа пратениците: г. Марјанчо Николов, г. Крсто Мукоски, г. Беким Фазлиу, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Стојко Пауновски и г. Васко Ковачевски.    

На крајот од расправата, Комисијата го проследи Предлогот на закон на натамошна постапка во Собранието. 

Click