Активности

Понеделник, 28 ноември 2016 година

Отворен ден во Собранието на Република Македонија

На 25 ноември 2016 година се одржа Отворен ден за посета на Собранието на Република Македонија. 

Ова претставуваше можност 693 посетители, организирани во 17 групи, да го разгледаат свечениот дел на зградата на законодавниот дом, како значајно обележје на македонската државност.

Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот, а сите заинтересирани граѓани потребно е да се пријават најдоцна пет работни дена пред посетата на тел. 02/3182-227 или на e-mail: s.stamenkovska@sobranie.mk.

Поради зголемен интерес, Отворен Парламент ќе се одржи и на 2 декември 2016 година (петок).

Click