Активности

Четврток, 13 ноември 2014 година

Положување свежо цвеќе по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Градот Скопје

По повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Градот Скопје, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, заедно со Делегација на Собранието, положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани на градските гробишта Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија. 

Во состав на Собраниската делегација беа пратениците: г. Владимир Ѓорчев, г. Рамиз Мерко, г. Љупчо Димовски и г. Чедомир Саздовски.

Click