Активности

Четврток, 22 јуни 2017 година

Пратеникот Груби се сретна со евроамбасадорот Жбогар

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, пратеникот Артан Груби, денеска во Собранието имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Пратеникот Груби и евроамбасадорот Жбогар разговараа околу реформските предизвици за Македонија во согласност со очекувањата на Брисел, ЕУ и НАТО, предизвиците на Комисијата за европски прашања во врска со амбициозната динамика на новата реформска агенда заедно со посветеноста за интеграција на земјата во НАТОи ЕУ.

Пратеникот Груби го запозна г. Жбогар за приоритетите на комисијата која тој ја води во Собранието и која, исто така, опфаќа и голем број на јавни дебати за сите реформски прашања со вклучување на сите пратеници, граѓанското општество, медиумите, меѓународната заедница.

Груби ја изрази својата посветеност заедно со другите пратеници, граѓанското општество и Владата одговорно да се посветат на спроведувањето на реформите.

Владеењето на правото, рамноправност меѓу граѓаните во согласност со Охридскиот договор, итна евроатлантска интеграција како и социјалната благосостојба се столб на новото мнозинство на реформи.

Пратеникот Груби нагласи дека е во очекување на усвојување на Патоказот од страна на Владата, а ја потенцира и потребата за усвојување на една сеопфатна резолуција од страна на Собранието за поддршка на реформите и интеграцијата во Европската Унија.

Click