Активности

Вторник, 6 јуни 2017 година

Претседателот Џафери се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Претседателот на Собранието на Република, г. Талат Џафери се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, г. Вилем Ваутер Пломп. По упатените честитки за изборот на оваа функиција и за изборот на новата Влада, амбасадорот Пломп ја пренесе пораката за подготвеноста на холандаската Влада и конкретно на Парламентот за широка соработка со институциите на Република Македонија и продолжување на сите започнати проекти меѓу двете држави. 

Претседателот Џафери го информираше гостинот за актуелната состојба во Собранието и активностите кои следат во однос на меѓународната соработка, како формирањето на делегациите во меѓународните организации и групите за билатерална соработка. 

Соговорниците разменија мислења и за формите за поголема транспаретност и видливост на Собранието, односно подобро запознавање на граѓаните со работата на законодавниот дом. Притоа, беше нагласена и потребата за поголема вклученост на експертите во работата на собраниските комисии, како можност која ја дава Деловникот за работа на Собранието, со цел тие да придонесат за донесување поквалитетни законски решенија.   

На крајот, претседателот Џафери и амбасадорот Пломп изразија уверување дека успешната билатерална соработка ќе продолжи и ќе се прошири во иднина.     




Click