Активности

Четврток, 22 јануари 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА КАНАДА ЗА МАКЕДОНИЈА СО СЕДИШТЕ ВО БЕЛГРАД, Н.Е. ФИЛИП ПИНИНГТОН 

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Канада Н.Е. Филип Пинингтон и притоа му посака добредојде и успешна работа.

Двајцата соговорници изразија задоволство за остварената средба и притоа искажаа задоволство за пријателскиот однос на двете земји.

На средбата стана збор за одличните односи помеѓу двете држави за што доказ се и официјалните посети на високо ниво, за македонската дијаспора која е многубројна во Канада како и за подршката која ја добива Македонија од страна на Канада во повеќе области. Двете страни изразија желба за продлабочување на соработката и развивање на парламентарната дипломатија.

На средбата се разговараше и за актуелните случувања во двете земји. Двајцата соговорници изразија желби за позитивен тек и развој на случувањата во земјите. Исто така искажаа желба за продолжување како и понатамошно развивање на пријателскиот однос кој би дал придонес во повеќе области, а особено во економскиот развој.

Click