Вторник, 16 декември 2014 година
Шеснаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 16. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации, по скратена постапка.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г-ѓа Марта Арсовска-Томовска, заменик на министерот за информатичко општество и администрација.
Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот.
Комисијата за транспорт, врски и екологија го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.