Активности

Понеделник, 1 септември 2014 година

Средба на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Канада со Почитуваниот Ендру Шир

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, г. Александар Николоски денеска оствари средба со Почитуваниот Ендру Шир, претседател на Претставничкиот дом на парламентот на Канада.

На средбата беа присутни и членовите на Пратеничката група: г-ѓа Лилјана Кузмановска, г. Павле Саздов, г-ѓа Светлана Карапетрова и г. Џеват Адеми.

Во своето воведно излагање Николоски изрази задоволство од можноста, како претседател на пратеничката група, да му посака топло добредојде на Почитуваниот Ендру Шир, во Македонија и во македонскиот парламент, како и за признавањето на нашата земја под уставното име уште во 2007 година, и континуираната поддршката во евроатлантските аспирации, која Канда ѝ ја дава.

Претседателот Шир изрази благодарност за посетата, а во своето излагање пред присутните ги сподели искуствата во однос на надминувањата на кризата, како резултат на претходно спроведените мерки во банкарскиот сектор, сервисирањето на јавниот долг како и економските стимулации.

Присутните се заблагодарија за позитивниот пристап, добрата организираност на македонската заедница и за нивната активна улога во сите сфери на канадското општество, како и за потпишаниот Договор меѓу Република Македонија и Канада за социјално осигурување, со кое ќе можат да ги остварат своите права од пензиското и инвалидското осигурување.

Соговорниците ги истакнаа добрите пријателски односи помеѓу двете земји на парламентарно ниво, огромниот потенцијал кој се очекува да се интензивира во економската сфера, како и на полето на образованието, културата и спортот.

Click