Активности

Петок, 14 јули 2017 година

Средба на пратеникот Николовски со Горазд

На барање на шефот на НАТО советодавниот тим во Република Македонија, морнаричкиот капетан, г. Виктор Горазд, пратеникот Илија Николовски, на 13 јули оствари средба со него.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења и искуства за соработката на Република Македонија со структурите на НАТО со акцент на одбраната и безбедноста.

Во оваа прилика претставникот на НАТО го запозна пратеникот Николовски, поранешен генерал и претставник на Република Македонија во Воениот комитет на НАТО во Брисел, со задачите на НАТО советодавниот тим и искуствата кои ги имаат во соработката со Министерството за одбрана, ФШ на АРМ и другите структури во РМ, при што се согласија дека постојат можности таа соработка, особено со ГШ на АРМ, да се прошири и продлабочи.

Двајцата соговорници се согласија дека размената на мислења и искуства треба да продолжат и со парламентарната комисија за одбрана и безбедност.

Click