Активности

Петок, 21 јули 2017 година

Средба на Клубот на пратенички на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети”   

На средбата присуствуваа членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.

повеќе...

Четврток, 20 јули 2017 година

Средба на Комисијата за прашања на изборите и именувањата со Прибе 

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија на 20 јули 2017 година одржа состанок со г. Раинхард Прибе и неговиот експертски тим. 

повеќе...

Четврток, 20 јули 2017 година

Средба на претседателот Џафери со финскиот амбасадор Иконен

Претседателот Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка што Република Финска ѝ ја дава на Република Македонија на планот на евроинтеграциите и истакна дека интерес на Собранието на Република Македонија е да се интензивира  билатералната парламентарна соработка и со таа цел наскоро, како и во сите досегашни парламентарни мандати, ќе се формира Пратеничка група за соработка со Парламентот на Финска. 

повеќе...

Четврток, 20 јули 2017 година

Груби-Маасикас: Естонија да поддржи безусловна препорака

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, заедно со членовите и замениците на Комисијата, имаше средба со заменик-министерот за надворешни работи на Република Естонија за европски прашања  г. Мати Маасикас.

повеќе...

Четврток, 20 јули 2017 година

Две собраниски комисии на средба со Прибе 

Претседателите и членовите на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана, вчера остварија заедничка средба со г. Раинхард Прибе и неговиот тим. 

повеќе...

Среда, 19 јули 2017 година

Средба на претседателот Талат Џафери, со г. Таџан Илдем, помошник Генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија

Претседателот на Собранието на почетокот на средбата изрази голема благодарност за поддршката дадена од Генералниот секретар на НАТО, г. Столтенберг за изборот на новата Влада и новото парламентарно мнозинство, како и во однос на реформаторските процеси во општеството и на планот на забрзаната интеграција на државата во НАТО.

повеќе...

Среда, 19 јули 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Регионална тркалезна маса  

На самиот почеток би сакал да го изразам моето задоволство за денешната покана да учествувам на оваа конференција која има регионален карактер. Сето ова внесува уште поголем квалитетен инпут во процесите на соработка, како помеѓу институциите во регионот, така и помеѓу невладиниот сектор.

повеќе...

Среда, 19 јули 2017 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот Рамеш

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска го прими во проштална посета амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија, г. Мирослав Рамеш, кој му врачи лична честитка и честитки од претседателите на Долниот дом на Парламентот и на Сенатот на Чешката Република за изборот на функцијата претседател на Собранието. 

повеќе...

Понеделник, 17 јули 2017 година

Естонија го поддржува проширувањето на ЕУ                         

Пратеничката Шпреса Хадри од 9 до 11 јули 2017 година, учествуваше на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што се одржа во Талин.

повеќе...

Петок, 14 јули 2017 година

Комисијата за европски прашања го разгледа Планот „3-6-9"

На покана  на претседателот  на Комисијата г. Груби, на седницата присуствуваа  и воведно обраќање имаа: претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи. Воведно обраќање по темата имаше и претседателот на Комисијата за европски  прашања, г. Артан Груби.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 65
  •