Активности

Вторник, 9 декември 2014 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО БЕЛГИЈА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО СЕДИШТЕ ВО СОФИЈА Н.Е. Г-ЃА АНИК ВАН КАЛСТЕР 

На почетокот двајцата соговорници изразија задоволство за остварената средба со желба за продлабочување на соработката на повеќе области.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски на средбата го запозна амбасадорот Ван Калстер со моменталната состојба во државата. Двајцата соговорници изразија желба за побрзо враќање на опозицијата во работата на Собранието на Република Македонија.

На средбата беше потенцирано дека постои желба за интензивирање на парламентарната соработка помеѓу Република Македонија и Кралството Белгија за што и двете страни ќе дадат свој придонес.

Исто така на средбата беше разговарано прашањето за Европската интеграција на Република Македонија како нејзина приоритетна цел за која беше искажана поддршка од страна на амбасадорот. Двајцата соговорници ја потенцираа добрата економска соработка помеѓу Македонија и Белгија и притоа ја наведоа белгиската компанија „Ван Хол“ како потврда за истото.

Click