Активности

Петок, 10 октомври 2014 година

Светска недела на детето

Во рамките на годинешното одбележување на Светската недела на детето, денеска дел од децата и вработените од детската градинка „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје, го посетија Собранието на Република Македонија и остварија средба со претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски.

Претседателот Вељаноски ја доби традиционалната марка за одбележување на детската недела, а воедно и ги слушна и правата на децата и нивните обврски кои произлегуваат од тие права, научени од посетителите од детската градинка.

 

 

 

 

 

 

 

Дечињата се интересираа за Собранието и за неговата работа, а го почестија претседателот и со убава детска песничка.

Претседателот Вељаноски на најмладите посетители во својот Кабинет им потенцираше дека токму тие се најголемото богатство на родителите и на државата. Дека е потребно да бидат посветени на учењето и знаењето, да ги сакаат и почитуваат родителите, учителите и блиските, да бидат живи и здрави и да израснат во наследници кои ќе ја водат државата во иднина.

Светската недела на детето се одбележува во светски рамки, секоја година во првата полна недела во месец октомври.

Click