Активности

Петок, 18 март 2016 година

Учество на претседателот Вељаноски на осветувањето на новата Бискупска резиденција во Скопје

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска учествуваше на осветувањето на новата Бискупска резиденција во Скопје.

Осветувањето го изврши неговата еминенција кардинал Пиетро Паролин, кој во рамките на Светата столица, ја врши функцијата министер за надворешни работи.

По завршената церемонија, претседателот Вељаноски се задржа во неформален разговор со неговата еминенција кардиналот Паролин, кој посебно го истакна големиот придонес на Македонија и македонскиот народ во ширењето на христијанството.

Исто така, кардиналот Пиетро Паролин изрази задоволство што оваа година во мај на Денот на македонските и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методиј, во Рим, ќе имаат можност повторно да се сретнат и разговараат.

 

Click