Активности

Понеделник, 19 јуни 2017 година, Рига

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Инара Мурниеце, спикер на Парламентот на Република Латвија

Во рамките на учеството на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на 8. Меѓународен безбедносен форум во Рига, денеска оствари официјална средба со г-ѓа Инара Мурниеце, спикер на Парламентот на Република Латвија. 

повеќе...

Петок, 16 јуни 2017 година

Претседателот Џафери се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Џафери денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Република Македонија, г. Карло Ромео. На почетокот на средбата, амбасадорот Ромео му се заблагодари на претседателот Џафери за можноста да разменат мислења и искуства за соработка, и му ја честиташе новата функција воедно истакнувајќи дека една од причините за денешната посета е и да ја врачи честитката упатена од страна на претседателот на Италијанскиот Сенат.

повеќе...

Среда, 14 јуни 2017 година

Прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 1. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

повеќе...

Вторник, 13 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со вршителот на должност амбасадор на Украина во Република Македонија, г. Ростислав Палагусинец 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со вршителот на должност амбасадор на Украина во Република Македонија, г. Ростислав Палагусинец.

повеќе...

Понеделник, 12 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со хрватската амбасадорка Баришиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари официјална средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, г-ѓа Данијела Баришиќ.

повеќе...

Сабота, 10 јуни 2017 година, Загреб

Учество на пратеникот Адеми на 4. пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ

Пратеникот г. Џеват Адеми учествува на Четвртата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што се одржува од 8 до 10 јуни 2017 година во Загреб, Република Хрватска. На сесијата учествуваат пратеници од 13 земји учеснички во Процесот и од меѓународните парламетарни собранија – партнери на ПС на ПСЈИЕ.

повеќе...

Вторник, 6 јуни 2017 година

Претседателот Џафери се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

По упатените честитки за изборот на оваа функиција и за изборот на новата Влада, амбасадорот Пломп ја пренесе пораката за подготвеноста на холандаската Влада и конкретно на Парламентот за широка соработка со институциите на Република Македонија и продолжување на сите започнати проекти меѓу двете држави. 

повеќе...

Вторник, 30 мај 2017 година

Претседателот Џафери се сретна со коизвестителите на Мониторинг комисијата                          

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери се сретна со коизвестителите на Комисијата  за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа, г-ѓа Лисе Кристоферсен, пратеник од Норвешка и г. Валериј Гилечи, пратеник од Молдавија, кои во рамките на пост-мониторинг дијалогот се во дводневна посета на Република Македонија.   

повеќе...

Вторник, 30 мај 2017 година

Средба на претседателот на Собранието, г. Талат Џафери со амбасадорката на Република Турција, г-ѓа Тулин Еркал Кара 

Честитајќи го изборот за претседател на Собранието на Република Македонија, амбасадорката г-ѓа Тулин Еркал Кара истакна дека во Република Турција будно се следат случувањата во Република Македонија и надминувањето на политичката криза, без мешање во внатрешните работи на земјата.

повеќе...

Понеделник, 29 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Кралството Белгија, г. Франсоа Бонтан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Кралството Белгија во Република Македонија, г. Франсоа Бонтан. На почетокот од средбата амбасадорот  му упати искрени честитки за неговиот избор на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија и му посака успех во извршувањето на одговорната функција. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 61
  •