Обраќање Вељаноски на Комеморативна академија...



Вторник, 25 февруари 2014 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Комеморативна академија по повод одбележувањето на 10. годишнината од загинувањето на претседателот на Република Македонија, г. Борис Трајковски

Се навршуваат 10 години од 26 февруари 2004 година, денот кога Претседателот Борис Трајковски трагично го загуби животот. Во несреќата животот го загубија и негови блиски соработници: Димка Илковска-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Анита Лозановска, Миле Крстевски, Борис Велинов, Аце Божиновски, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Денеска, десет години подоцна, се сеќаваме на нив, сочувствуваме со болката и загубата на нивните семејства, на нивните најблиски

Прочитај повеќе

Изјава по повод распишувањето на избор за претседател на РМ...

Сабота, 1 февруари 2014 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишувањето на избор за претседател на Република Македонија

Уставната одредба предвидува дека изборот за претседател на Република Македонија се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Имајќи предвид дека на 20 април е големиот христијански празник - Воскресение Христово, почитувајќи ги чувствата на сите верници од христијанска вероисповед и водејќи сметка тогаш да не биде ниту првиот, ниту вториот круг, одлучив изборот за претседател на Република Македонија да биде на 13 април 2014 година

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски во хрватскиот Сабор...

Петок, 24 јануари 2014 година, Загреб, Хрватска

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ВО ХРВАТСКИОТ САБОР

Најнапред дозволете да го споделам моето искрено задоволство од можноста што ја имам, во името на граѓаните на Република Македонија, да се обратам пред овој ценет собор.
Со огромен пиетет и почит стојам тука пред Вас, претставниците на хрватскиот народ и граѓани.
Чувството на задоволство е дотолку поголемо, бидејќи со себе ги носам за да ги споделам со вас, искрените изрази на пријателство и почитување од граѓаните на мојата држава, Македонија.
Македонците и Хрватите имаат безброј причини за задоволство од квалитетот на меѓусебните односи

Прочитај повеќе
1...456       
Click