Соопштенија

Петок, 7 октомври 2016 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2016 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2016 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста им се  доделува на: Благоја Маневски, ликовен уметник, Раим Ганији, писател, Елена Мисиркова, пијанистка, Атила Клинче, актер.

Click