Соопштенија

Среда, 26 ноември 2014 година

Делегација на Собранието на Република Македонија на 12. состанок на Мешовитиот комитет во Стразбур

Согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија и Европската унија и според Деловникот на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, 12. состанок на Мешовитиот комитет ќе се одржи на 26 и 27 ноември 2014 година, во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република. 

На овој состанок, од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија ќе учествуваат: г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Ко-претседавач на овој комитет), г. Артан Груби, потпретседател на Делегацијата (заменик ко-претседавач на комитетот), г.Антонијо Милошоски, г-ѓа Силвана Бонева, г. Владимир Ѓорчев, членови и г. Беким Фазлиу, заменик-член на Делегацијата.

На 12. состанок се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европска унија, актуелната политичка ситуација во државата по одржаните предвремени избори во 2014, владеењето на правото, реформите во судството и јавната администрација, борбата против корупцијата, потоа за слободата на изразување и медиумите, економските и финансиските случувања, како и за добрососедските односи и регионалната соработка во контекст на ПСЈИЕ. 

Се очекува на состанокот свое обраќање да има и г. Фатмир Бесими, потпретседател на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции. 

Click