Соопштенија

Четврток, 27 ноември 2014 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, на 1 декември 2014 година, во Салатa „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Акцискиот план за спроведување на препораките од Комитетот за правата на жените (КПЖ) во однос на спроведувањето на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.

Јавната расправа ќе се одржи во рамките на глобалниот повик за активизам „Направи го твоето соседство портокалово“, кое годинава се одржува преку повикот „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата - сега“.

Глобалната кампања на Обединетите нации трае од 25 ноември до 10 декември 2014 година, Денот на човековите права.

  • 10.00-10.15 ч. - Поздравни обраќања

- Лилјана Поповска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- Луиза Винтон, постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации и постојана координаторка на Обединетите нации

  • 10.15-10.50 ч. - Излагања 

- Претставник на Министерството за труд и социјална политика на РМ
- Претставник на Министерството за внатрешни работи на РМ
- Претставник на Министерството за здравство на РМ

  • 10.50-11.30 ч. - Дискусија и заклучоци 


Пријава на присуство на тел. 02 3 224 150 и на l.popovska@sobranie.mk

Click