Соопштенија

Петок, 31 јули 2015 година

Положување цвеќе

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:

Собраниска делегација предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Зоран Ѓорѓиовски, г. Владимир Ѓорчев, г. Иван Стоилковиќ, г. Љубиша Николиќ, г-ѓа Роза Топузова Каревска и г-ѓа Љубица Буралиева, ќе положи венец свежо цвеќе во 10.00 часот во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце.

Собраниска делегација предводена од г-ѓа Силвана Бонева, пратеник, во состав: г-ѓа Олга Најденовска, Љупчо Димовски, г-ѓа Лидија Димова и г-ѓа Лилјана Поповска, ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:

- 11.00 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“;

- 11.15 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија;

- 11.30 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, прв претседател на президиумот на АСНОМ, на плоштад „Македонија“.

Собраниска делегација предводена од г. Крсто Мукоски, пратеник, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Чедомир Саздовски и г. Горан Сугаревски, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:

- 9.30 часот - гробот на Никола Карев; 

- 10.00 часот - споменикот на Слива „На хероите на Слива“;

- 12.00 часот - „Мечкин Камен“.

Click