Соопштенија

Четврток, 28 мај 2015 година

Пратеникот Николоски на состанок на Мониторинг комисијата на ПССЕ

На 28 мај 2015 година, во Париз, Франција, ќе се одржи состанок на Мoниторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која во својство на потпретседател ќе учествува Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Алексадар Николоски. На оваа функција, со мандат од една година, тој беше реизбран во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Според дневниот ред на состанокот на Мониторинг комисијата, кој според Деловникот за работа се одвива зад затворени врати, пратениците ќе расправаат за можното поништување на претходно ратификуваните акредитации на членовите на Руската делегација, функционирањето на демократските институции во Азербеџан, како и исполнувањето на обврските преземни при членство во организацијата од страна на Турција и настаните во Украина.

На Мониторинг комисијата  ќе биде поднесен устен извештај од посетата на Република Македонија на Делегација на комисијата, во состав  г. Стефан Шенах, г. Андреас Грос и г. Роберт Валтер, која се случи во април 2015 година. На маргините на состанокот, Николоски ќе оствари и повеќе билатерлани средби и размена на мислења со членовите на Мониторинг комисијата.

Click